речник контакт

Две лица осомничени за пожарот во село Ореше (фото)

Ѓ.П. доби 48 часовен притвор

Петар Печков

Полицијата упаси две лица како можни сторители и  против кои поднесе кривични пријави  за „предизвикување општа опасност“ .   Ноќеска околу  полноќ Ѓоре Ѓурчиновски  во полиција пријавил дека автомобилот марка мерцедес и продавницата негова сопственост му се опожарени.

Од добиените сознанија, констатирано е дека на ден 16.03.2015 година околу 22,30час. лицето Ѓ.П. (1969) од село Ореше ,побарал од неговиот познаник Н.Г. (1969) од населба Превалец општина Велес со неговиот патнички автомобил да го однесе до село Ореше. Околу 23,30час. истите стигнале на влезот во селото и Ѓ.П. сам излегол од возилото, се упатил во селото, и по 15-тина минути се вратил, по што со автомобилот се упатиле кон Велес. - изјавија од СВР Велес.

Извршен е увид од каде се подигнати предмети и траги за вештачење. Оштетениот е дедо по сопругата, на Златко Арсовски, познат како заштитниот сведок Бреза во случајот убиството во село  Ореше.

Подолго време мојата фамилија, татко ми, мајка ми, братот, како и јас и сопругот бевме под  притисоци. Ни се закануваа дека ќе имаме последици, доколку се случи   да има  осудителна  пресуда за убиството во село Ореше. Така и се случи по еден месец - вели Билјана Арсовска Ѓурчиновска, сопруга на сведокот Бреза, а ќерка на оштетениот Ѓоре.  

Според оштетеното семејство пожарот избувнал околу 23,30 часот   а тие утрово  пронашле канистер од 25 литри , кој мирисал на бензин  и со кој сметаат дека е полена продавницата и запалена. Од огнот е  зафатен и автомобилот и тој е опожарен. Вкупната штета ја проценуваат на околу 15  илјади евра.  Пред 8 години, ноќта помеѓу 31 јануари и 1-ви февруари сред село, во непосредна близина на сега опожарената продавница, изгоре селската амбуланта и тогашната продавница. Сторителите за тоа добија по 4 години затвор.

 Од полицијата додаваат дека едниот од осомничените,  Ѓ.П. претходно е пријавуван за поттикнување на извршување кривично дело „предизвикување општа опасност“ , односно, за опожарување на продавница и амбуланта во село Ореше, за што со првостепена судска пресуда е осуден на затворска казна и исто така пријавуван е за поттикнување на извршување кривично дело „убиство“ за што со судска пресуда е осуден на 13 години затворска казна.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »