Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 април 2023
Во 11 коло од разигрувањето за опстанок во Првата ракометна лига, екипата на РК Бисинов победи на гостувањето во Гевгелија, кај РК Партизан со 23:34 (14:19). Со овие три бода над трето пласираната екипа, ракометарите на помладиот велешки лигаш имаа 15 бода, колку и вчерашниот противник, но и уште две други екипи и се на делба на третото место во оваа конкуренција.
Претходно во ова коло МРК Борец играше со РК Овче Поле и загуби дома со 26:44 (9:24) и останува последен без освоен бод. Во следното коло е градското дерби РК Бисинов РК Борец кое се игра в недела од 17 ч. во салата Гемиџии.
Вчера недела, во салата Борис Трајковски во Скопје се одиграа средбите од 13 и 14 коло на Првата пинпонгарска лига. Две победи во низа за ППК "Борец-Тим" - Велес.
Пингпонгарскиот клуб "Борец-Тим" - Велес забележа две победи и тоа со ППК "Радовиш" од 4:2 и со ППК "Кратово" со 4:1. Победата со ППК "Радовиш" е големо изненадување, бидејќи тие важеа за голем фаворит и се подобро пласирани до велешани. Со овие победи ППК "Борец-Тим" се зацврсти на средината на табелата и осигури опстанок во конкуренција на 9 екипи. Најдобар поединец кај велешани со сите 4 победи бил Вили Ангелов.
Во следното коло, на 13.05.2023, ППК "Борец- Тим" игра со екипата на ППК "Дебар Маало" кој е послабо пласиран а потоа е слободен.
Tweet |