Петар Печков
Објавено: недела, 21 ноември 2021
Во велешка Болница изминатите 24 часа починаа два лица позитивни на ковид-1, како последица на коморбидитетите. И двајцата се мажи од Велес, на возраст од 66 и 72 години, лекувани на Инфективното одделение. Со нив бројката на починати од последиците на корона вирусот во велешко достигна до 250 лица.
Ново регистрирани се шест лица позитивни на ковид-19 а нема оздравени. Ова се податоци за изминативе 24 часа, кои ги објави Министерството а здравство. Активни се 373 лица со корона вирусот.
Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано четири пациенти помалку од вчера, 45. Од нив 34 е позитивни потврдени со ПЦР тест, двајца се непотврдени и деветмина негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Има примено двајца пациенти, еден испишан како оздравен со еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение и во Модулрана болница се по се 20 пациенти додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има петмина.
Tweet |