Петар Печков
Објавено: недела, 10 мај 2015
10-ти и 11-ти мај, денешниот недела и утрешниот ден понеделник во Македонија се прогласени за денови за жалост.
Оваа одлука ја донесе Владата на Република Македонија на вчерашната вонредна седница, за 8-те жртви на македонските безбденосни сили во акцијата против вооружената терористичка група во Куманово.
Поради тоа се откажуваат сите културно забавни манифестации и знамињата во Македонија ќе бидат симнати на половина копје.
Tweet |