Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 октомври 2019
За време на викендот на територијата на СВР Велес биле спроведени акциски контроли на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената и на возачи кои вршат неправилно престигнување.
Притоа, биле откриени 28 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената, од кои 14 во Велес, осум во Кавадарци и шест во Неготино. Додека, при контролата на возачи кои вршат неправилно престигнување биле откриени 14 прекршоци од кои седум во Велес, шест во Кавадарци и еден во Неготино - информираше Верољуб Додедвски, портпарол на СВР Велес.
Ова е петта контрола за осум дена, извршена по велешките улици. Во неделата, пред осум дена беа откриени 25 возачи, во вторникот 19, во средата 15 петокот 17.
Истовремено во неколку града во Македонија, извршени се сообраќајни контроли за брзо возење. При тоа во Скопје биле откриени 69 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, во Куманово 68, во Битола 100, во Штип 169, во Тетово 25 и во Гостивар 14. Имало и контрола за неправилно претекнување при што во Куманово биле откриени 7 возачи, во Тетово 15 а во Гостивар 35.
Tweet |