Петар Печков
Објавено: четврток, 03 октомври 2019
Во текот на вчерашниот ден, среда, во период од шест часа, при сообраќајна контрола, полицијата открила девет случаи на мотористи кои сториле прекршоци. Полицијата не соопштува за кои прекршоци се казнети мотористите, дали меѓу другото и за предизвикување бучава.
На 2-ти октомври во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле регистрирани 30 прекршоци, од кои девет во Велес, 13 во Кавадарци и осум во Неготино - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
За сите прекршоци биле изречени соодветни санкции.
Tweet |