Петар Печков
Објавено: петок, 27 септември 2024
Девет студенти, што редовни, по вонредни се примени на единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот факултет.
Тие настава ќе посетуваат од есен во новата академска година 2024/25, кога имаше слободни 50 места за бруцоши во оваа високо образован институција.
Од ново примените студенти во прва година, прехранбена технологија и биотехнологија се двајца, по еден редовен и вонреден и седумина на нутриционизам, тројца редовни и четворица вонредни.
Технолошко - Техничкиот факултет со седиште во Велес, работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.
Лани во прва година на ТТФ Велес се запишаа 13 студенти.
Tweet |