Петар Печков
Објавено: недела, 11 октомври 2020
Повторно висока бројка на ново заразени со ковид-19 во велешко, девет лица од нив една е жителка на Општина Градско. Денес Министерството за здравство објави дека нема оздравени па така бројката на активни случи се искачи на 56.
Од новите случаи тројца, сите мажи, се членови на едно семејство, кои се заразиле од претходно заразен член. Има уште една жена позитивна на ковид-19, која е заразена од член на семејство. Две лица се тестирале заради патување во странство и тие се асимптоматски, работат надвор од Велес, како и уште едно лице на кое работните обврски му се поврзани со патување во други градови, тие и уште три други лица не знаат од кого се заразиле. Една жена е жител на Општина Градско, не знае од кого се заразила. Петмина се мажи, четири се жени. Осум од нив се на домашно лекување и еден е на Инфективно - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Со ова бројката на вкупно досега заразени лица во велешко е 378 лица, оздравени се 306 а починати 16. Безмалку се наполни Инфективното одделение од велешка Болница, денес има 32 пациенти, 31 е потврдено позитивен и еден е сомнителен.
Tweet |