Петар Печков
Објавено: среда, 04 март 2026
Ноќеска по полноќ, уапсена велешанка која управувала автомобил, имала забрана за возење, возилото и е одземено. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 4 март во 01:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 31-годишната М.С. од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничо возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувала со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
| Tweet |




