речник контакт

Девојка паднала од мотор во месноста Речани

Констатирана е скршеница кај повредената

Петар Печков

Девојка паднала од мотор во месноста Речани, при што се здобила со тешка телесна повреда, скршеница. Повеќе од информациите на велешката болница и полиција. 

„На 10 октомври  во СВР Велес е пријавено дека на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, 21-годишната К.Ѓ. од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола, излегла надвор од коловозот и паднала“  - соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.

При падот девојката  се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

„Набиеници по телото, скршеница на рамото, направена имобилизација, дадена терапија и планирана за оперативен третман“ – информира Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »