речник контакт

Девојче од Велес со тешки телесни повреди по сообраќајка во Скопје

Се возела во автомобил мерцедес упрaвуван од малолетник

Петар Печков

Вторникот рано наутро во сообраќајка во предградие на Скопја, млада велешанка е тешко повредена, откако се возела во автомобил управуван од малолетник. Деталите од информацијата на полицијата.

„На 3 ноември во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од село Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.“ – соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18 год„) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »