Петар Печков
Објавено: среда, 15 август 2018
МВР информираше за два настани кои се случија изминатиот деноноќие.
Вторникот претпладне во 09.30 часот во двор на здравствена установа ,,Хипократ,, на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје- стои во писмената информација на МВР.
Ноќта помеѓу вторникот и средата во 01.30 часот во дворот од куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Отовица, велешко, од засега непознати причини било опожарено патничко возило „Мерцедес Ц 180“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.И. (64) од Велес. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица - Велес пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот- пишува во соопштението на МВР.
Tweet |