Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 декември 2010
Градоначалникот на општина Велес Горан Петров подели пакетчиња на децата во Посебното училиште и Дневниот центар за деца и млади со посебни потреби
Децата во чест на гостите од локалната самуправа приредија новогодишна приредба, а потоа Дедо Мраз на стоте ученици од ова училиште им подели пакетчиња.
Новогодишен прием на градоначалникот Петров му приредија и децата и младите од Дневниот центар за лица со посебни потреби, а кој е во рамките на Центарот за социјални работи од Велес.
Во овој центар дневно веќе осум години престојуваат 20- тина млади лица со посебни потреби. Градоначалникот Петров и на нив им подели новогодишни пакетчиња
Tweet |