речник контакт

Дела од Кумановска ликовна колонија пред велешани

Претставени се 30-тина дела од 11 автори од Бугарија, Србија и Македонија

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од Ликовната колонија Куманово. Изложени се 30-тина слики, работени на платно во различни ликовни техники,  од 11 уметника кои мината година  во месец август, таму  ги  работеа автори од Србија, Бугарија и Македонија. 

Авторите ни оставија колекција богата и по квалитет и по квантитет, колекција со различни ликовни изрази, потписи. Тоа се зрели автори но и на автори кои се на почетоците а таму разменуваат искуства, знаења  - изјави  Драгана Спасовска раководител на колонијата.   

Сликите се изработени во традиционален пристап на работење, сликарство, масло на платно, комбинарини техники и ова е прво претставување  на ланската колонија надвор од Куманово.    

Таа ги покани уметниците од Велес кои сакаат да учествуваат на оваа ликовна колонија, да се пријават и на лето да бидат дел од гостите.

Кумановската ликовна колонија има долгогодишна традиција, покрај  прилепската и струмичката, се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во земјава.  Формирана е 1974 година во конаците на манастирот Св. Прохор Пчински а подоцна се одржува во Меморијалниот комплекс  Пелинце.

Минатата година  со селекција од 20-тина дела колонијата е претстави во Париз, во македонската амбасада.  Ова е второ претставување на Ликовната колонија од Куманово во Велес, првото беше 2012-та година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »