Петар Печков
Објавено: четврток, 10 септември 2020
Вечерва во Ликовниот салон во Велес, беше отворена изложбата на дела, изработени на првата Ликовна меѓународна колонија „Неготино2019“. Пред велешката јавност се изложени 40-тина дела, изработени во различни техники. Колонијата се одржа од 24 јуни до 28 јуни лани во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Учесниците на оваа ликовна колонија беа автори од Неготино, Кавадарци, Скопје, Куманово и од Белград и Крагуевац од Република Србија, односно учествуваа: Владимир Темков, Методи Ангеловски, Игор Мишев, Цветанка Јованова- Хермес, Горан Боев, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ѓурѓица Станоева, Наташа Радосављевиќ, Невена Костиќ и Маја Мрдаковиќ. Како резултат на оваа активност се одржа ликовна изложба во дворот на манастирот “Св. Ѓорѓи“ со ликовните дела од уметниците учесници на ликовната колонија колонијата. Како мотиви за делата е користена преубавата околина на манастирот - кажа Драгица Чекорова, директорка на Музеј Неготино.
Проект бил подржан од Министерството за култура и од Општина Неготино за развој на визуелната модерна уметност. Oва беше прва меѓународна ликовна колонија во организација на Музеј на град Неготино така што со реализирањето на оваа ликовна колонија се збогатува збирката на ликовни дела во општинската установа Музеј на град Неготино. Изложбата од делата изработени на колонијата во периодот до 26-ти септември е преставена во Ликовен салон Велес.
Tweet |