речник контакт

Делчевската полиција поднела кривична за велешанец кој нападнал полицаец и цариник на граница

Настанот се случил на 27 јули годинава, на граничен премин Делчево

Петар Печков

Полицијата од Делчево поднела две  кривични пријави против велешанецот З.Н. кој на крајот од месец јули на граничниот премин Делчево, нападнал полицаец и цариник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против З.Н.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 27.07.2020 на Граничен премин Делчево, пријавениот физички нападнал полициски службеници и навредувал и омаловажувал царински службеник кои извршувале службени задачи - соопшти МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »