речник контакт

Дел од касарната ќе биде отстапен за изградба на комерцијални згради

Дел од велешката касарна ќе биде отстапен и за изградба на комерцијални станбени објекти

Петар Печков

Започната е процедурата за отстапување на  дел од просторот на велешката касарна Алексо Демниевски Бауман на општина Велес каде ќе можат да се градат комерцијални станбени објекти, згради. Промената на  Деталниот урбанистички план е донесена во Советот на општина Велес а по неа треба да се изјасни Министерството за транспорт и врски.

Дел до касарната ќе отстапиме за изградба на станови. Мал дел во зависност од интересот на  лицата вработени во АРМ ќе биде за нивни потреби, додека остатокот за граѓаните на Велес. Него локалната самоуправа ќе може да го понуди за изградба на згради и тоа што смета дека е добро за овој град – изјави Зорам Коњановски министер за одбрана при неговата неодамнешната посета на Велес. Просторот што ќе се отстапи е лоциран десно од главната улица Благој Ѓорев во близина на населбата Тунел.

Вметнување на  содржини  во ДУП како што се повеќе катни згради е во фаза на изработка. Во зависност од брзината на изработката од страна на проектантите, толку бргу и ние како општина ќе го донесеме. Тоа ќе бидат  згради за колективно домување, кои ќе се реализираат дали комерцијално дали преки  ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

Градот Велес има недостаток од простор за изградба на индивидуални и колективни објекти за живеење, па овој простор  од касарната ќе биде можност за да се намали притисокот на барања за локации за градба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »