Петар Печков
Објавено: четврток, 23 февруари 2023
По вчера поднесената кривична пријава против две лица О.К. и Н.К. од Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ), за измама, помагање во измама и посебни случаи на фалсификување исправа, реагираше овој Синдикат со писмена реакција.
„На ден 22.01.2023 година на прес пред МВР презентиравме дека се спрема напад и црно сценарио кон СПМ, за да по секоја цена се сопрат синдикалните активности и запознавање на јавноста каде во изминатиов период без влакна на јазикот објективно упатувавме критики за лошото работење и менаџирање на министерството за внатрешни работи. Ќе повториме и сега спротивно на Закон иако тоа е забрането и МВР не може да се меша во работата и дејствувањето на синдикатот, од страна на високи структури во СВР Велес и Одделот за внатрешната контрола по секоја цена спротивно на закон, спротивно на сите процедури презедоа мерки, незаконски дејствија на секаков начин неосновано да ја оцрнат работата на СПМ со поднесување на неоснована и измислена кривична пријава. Притоа при испрашувањето на основачите на СПМ како да се најголеми криминалци им беа вршени разни форми на притисок и доведувани во заблуда со цел да се прикажат непостоечки „незаконити“ дејствија“ а дел од наши членови се сомневаме дека имаат дадено најверојатно можеби и лажни изјави за наводно пополнети пристапници. На крај ќе прашаме дали е вистина дека сите вмешани високи структури во СВР Велес кој добија задача на секаков начин да му наштетат на СПМ и да се мешаат во синдикалното делување претходно им е ветено унапредување на повисоки места доколку по секоја цена поднесат кривични пријави против СПМ?- пишува во соопштението.
За нив ова е обид да се запре синдикално движење во Македонија.
Tweet |