речник контакт

Денес, недела, стаса летото а во Велес измерена нависоката температура годинава 37 степени во сенка

Пред нас е најкратката ноќ

Петар Печков

Летото во Македонија и на северната Земјина полутопка официјално започна денеска, недела  во 10:24 часот. Во истиот момент, на јужната полутопка започна зимата.

Денес беше  најдолгиот ден а пред нас е најкратката ноќ во годината. Во Велес денот траеше 15ч и 12мин. Ноќта ќе трае само 8 ч. 48 мин.

Во Велес,Сонцето изгреа во 4:58 часот, а зајде во 20:10 часот. Максималната дневна температура во Велес се искачи на  37 степени Целзиусови, највисоката температура годинава. 

Летото годинава ќе трае до 23 септември во 02:05 часот, кога календарски ќе започне есента.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »