Петар Печков
Објавено: петок, 19 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, петок во велешко има 25 лица ново заразени со ковид-19, а 17 се оздравени. Активни се 236 случаи а досега се заразиле 3.338 лица.
Вчера има починато едно лице, од Велес на 77 годишна возраст, од последиците на корона вирусот. Тоа било на лекување во велешка Болница на Инфективно одделение. Тоа е 109-тата жртва од ковид заразата, во велешко. Во текот на вчерашниот ден од велешка Болница, транспортиран е пациент на Клиника за Инфективни болести во Скопје.
Во велешка Болница се хоспитализирани 30 пациенти, од кои 26 се потврдени позитивни, четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет лица. На Инфективно одделение се сместени 25 а на Интерно петмина пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |