речник контакт

Денес Велес втор град во земјава по број на нови случаи на ковид-19

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 45 пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Велес е втор по број на нови случаи со ковид-19 во земјава денес. Ова го покажаа податоците кои ги соопшти Министерството за здравство и изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 63 случаи, оздравени нема.  Бројот на активни случи во велешко порасна на 339. Починати нема.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 45 пациенти, двајца  повеќе од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  25, на  Интерно  седум и на Физикално 13 пациенти. Потврдено позитивни се 32, непотврдени  се тројца  и негативни се десет но со потреба од болничка нега.

„Испишан е еден  пациент со  еден негативен тест, ново примени се четворица  пациенти, еден   на Инфективно  и тројца се  трансферирани од Интерно на Физикално. На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велеc.

Слободни болнички кревети се 36, 25 на Инфективно и 22 на Физикално.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »