Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јануари 2021
Во велешко денес се регистрирани 28 нови случаи на позитивни со квоид-19 а оздравени се 30 пациенти, објави Министерството за здравство. Досега починати од последиците на корона вирусот во велешко се 94 пациенти. Активни се 518 случаи, 486 се на домашно лекување, 24 во велешка Болница, по двајца во приватни клиники во Скопје, Инфективна клиника и Болница Козле и по еден во ГОБ 8-ми септември и во торако-васкуларна клиникја.
Хоспитализирани во велешка Болница се 34 пациенти, на Инфективно 29 и пет на Интерно. Од нив 23 се потврдени позитивни, пет сомнителни и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 15 пациенти. Од заразените со ковид-19 испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |