речник контакт

Денес во велешко 44 ново заразени со ковид-19, оздравени 29 лица и еден починат пациент

бројката на активни случаи во велешко е 819 лица, во велешка Болница сместени се 76 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани  44 ново заразени лица со квоид-19 со што вкупната бројка досега позитивни е  1750 лица, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.  Денес оздравени се водат  29 пациенти а  вкупно 873, и бројката на  активни  случаи во велешко е 819 лица.  Од нив 68 во велешка болница шест во приватни клиники во Скопје а 745 домашно лекување.

Хоспитализирани во велешка Болница се  вкупно 76 пациенти од нив, 68 потврдени позитивни, 6 сомнителни и двајца негативни, но со симптоми и здравени проблеми .

Утринава починал  маж на 81 година од Велес, потврден позитивен на ковид.  26 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се сместени 48 пациенти, на Физикално 19 и на Интерно девет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »