Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јули 2020
Започна гласањето за вонредните парламентари избори. Денес понеделник гласaа лицата кои се позитивни на кoвид-19 или се во самоизолација.
Во велешко во две Општински изборни комисии - Велeс и Лозово се одржа гласањето наменето за овие лица.
Во Велес гласаа седум колку што се и пријавиле додека во Лозово гласале три лица, исто толку се пријавиле.
Ова гласање го спроведоа посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.
Утре вторник гласат болните и изнемоштените. Во четирите ОИК има одобрено за гласање 314 лица, 134 во ОИК Велес, 49 во ОИК Градско, 32 во ОИК Лозово и 99 во ОИК Чашка.
Досега во Македонија се одржани четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Годинашниве се петти а редовен термин за одржување беше при крајот на годинава.
Tweet |