Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јануари 2021
Министерството за здравство објави дека во Велес денес нема регистирано нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се седум. Со ова активни случаи се 382 а досега во велешко се заразиле 2.868 лица.
Денес на Инфективно одделение е починат е еден пациент на 74 годишна возраст, од Градско, лекуван седум дена. Ова е 97-ми смртен случај на лица од велешко, кои починале од последиците на ковид зарзата.
Во велешка Болница хоспитализирани 34 пациенти, од нив 29 се на Инфективно одделение а петмина на Интерно. Од лежечките пациенти 26 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и исто толку четворица пациенти со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.
Tweet |