Петар Печков
Објавено: вторник, 17 ноември 2020
Од велешката Болница соопштија дека денес , вторник, има нови три смртни случаи, двајца пациенти биле позитивни на ковид-19 а третиот не бил тестиран, но со симптоми типични за корона вирусот.
Утринава починати тројца пациенти од Велес, маж на 78 год и жена на 78 години потврдени позитивни и уште еден маж на 71 година примен во тек на вчерашниот ден со многу ниска сатурација и пневмонија типична за ковид-19 не тестиран- информираа од Општа Болница Велес
Со ова бројката на починати велешани позитивни на ковид-19 се искачи на 47 лица.
Tweet |