Петар Печков
Објавено: сабота, 30 јануари 2021
Како и вчера, така и денес во велешко има регистрирано 14 ново заразени од ковид-19 а оздравени се пет, соопшти Министерството за здравство денес сабота. Со ова бројката на активни случаи се 269 а досега се имаат заразено 3.097 лица.
Досега во велешко има 102 починати од последици на корона вирусот.
Во велешка Болница се хоспитализирани 24 пациенти, сите се потврдено позитивни. На Инфективно одделение се 22 а на Интерно двајца пациенти. На кислородна поддршка се седум пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест.
фото Градскиот саат Викторија Божинова
Tweet |