Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 октомври 2020
Денес во Велес има три нови случаи на лица позитивни со ковид-19 исто толку и оздравеле. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 33 лица.
Двата од новите случаи се сопружници и еден маж, кој не знае од каде се заразил. Има и тројца оздравени, сите од домашно лекување, двајца сопружници и една жена. Викендот имаше четири случаи, тројца од нив работат во Скопје, четвртиот е од член на семејство. Тогаш имаше и седуммина оздравени - информираа од Центарот за јавно здравје.
Досега во велешко имало 342 случаи со корона вирус, 293 оздравеле а 16 починати.
На Инфективно одделение се хоспитализирани 23 пациенти, 20 потврдено позитивни и тројца се сомнителни, четири лица се на кислородна поддршка. Во саботата жена на 65 годишна возраст од Велес, позитивна на вовид-19 е префрлена на Инфективна клиника поради влошена состојба а вечерта и уште една жена на иста возраст 65 години, од Свети Николе со клиничка слика типична за ковид-19, со пад на сатурација, но со негативен тест е префрлена на Инфективна клиника во Скопје - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
На Инфективно одделение од велешакта Болница има 7 пациенти од Велес, 10 од Свети Николе, 3 од Неготино, двајца од Кавадарци и еден од Валандово
Tweet |