речник контакт

Депонијата на Фабриката ХИВ била радиоактивна, но сега не се знае каква е состојбата оти нема мерења

Проф. д-р Стафилов: депонијата е со 1,5 милиони тони отпаден гипс кој пред 12 години бил радиоактивен и потребни се нови испитувања за сегашната состојба

Петар Печков

Во близина на Велес, на поранешатна Фабрика за вештачко ѓубриво ,,Хемиска Индустрија Велес,, се наоѓа депонија, која своевремено била радиоактивна.  Таа се состои од отпад кој се добивал по производниот процес  во фабриката. Проценките се дека е повеќе илјадници  тони гипс. Депонијата денес е напуштена и отворена. За неа како една од црните еко точки во Македонија има работено д-р Трајче Стафилов професор на ПМФ при УКИМ во Скопје.  

 Станува збор за отпаден гипс кој се добиваше како отпаден продукт при производството на вештачките ѓубрива. Тој е депониран на околу 1-1,5 km од ХИВ и неговата количина изнесува околу 1,5 милиони тони. Резултатите од анализите на неговата радиоактивност извршени пред 12 години покажаа зголемена специфична радиоактивност за околу 2-3 пати во однос на специфичната радиоактивност на околните почви. Бидејќи е поминат подолг временски период потребно е да се извршат нови испитувања за да се знае точно сегашната состојба - вели д-р Стафилов.  

Велешките екологисти од ЕД Вила Зора,,  побараа од надлежните да се изјаснат за отпадот од фабриката за вештачко ѓубре ,,ХИВ Велес,,.  Скудните информации со кој се располага,  се дека тој своевремено бил радиоактивен.   

Во нашето еколошко друштво слушнавме за тоа дека отпадот од фабриката ,,ХИВ,, своевремено бил радиоактивен. Се воздржуваме од било какво коментар се додека надлежните не излезат со релевентни инфорамции  - изајви Ангел Киров портпарол на ЕД ,,Вила Зора,,.   Депонијата се наоѓа во близина на автопатот, на делницата Градско - Велес и на стариот регионален пат на истата релација.  Видлива е за возачите, иако е скриена во борова шума. Но белата боја отскокнува од  околното зеленило.  

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа, надлежна за воспоставување на систем за контрола над сите извори на јонизирачко зрачење и за  безбедно управување со радиоактивен отпад. На новинарското прашање за оваа депонија и нејзината радиоактивност, од таму велат дека таа не е опасна оти тука нема лица кои се подолго време изложени на неа, сите патници се на пропатување и минување со нивните превозни средства, никој не се задржува.  

За бараната област  последен мониторинг е извршен во периодот додека фабриката работела .  Постои веројатност нивото на зрачење да е зголемено поради концентрацијата на активност на радионуклидите присутни во вештачките ѓубрива, но истото е во дозволените граници пропишани од Дирекцијата. Со оглед на тоа што фабриката не работи и нема населено место во близина непостои опасност од поголема изложеност на зрачење на население - пишува во писмениот одговор од  Дирекцијата за радијациона сигурност.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »