речник контакт

Депонијата со згура одново ќе се продава

Или ќе се користи за тампонирање на патишта

Петар Печков

 Депонијата со згура, тешка 1,7 милиони тони, полна со олово и кадмиум ќе се решава со нов тендер за нејзино користење. Претходниот пропаднал, оти двете пријавени фирми не биле сериозни и тој е поништен, затоа од министерството за животна средина најавуваат дека постапката ќе се повтори.

Според добиените резултати од последната анализа, материјалот од депонијата може да се користи за тампонирање  на патишта и не е штетен по околината со присуството на тешките метали. Од министерството за животна средина размислуваат  згурата да ја понудат на  Агенцијата за државни патишта, и таа да се користи за тампонирање на сообраќајници и со истата цел ќе биде понудена и на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »