речник контакт

Депонијата со згура се отстранува бавно, лани извезени само 14 камиони

Од концесионерот „КЕПС МАУНТ ГРУП“, лоцираат три причини, зошто е мало количеството на отстранета згура.

Петар Печков

Постапката за отстранување на депонијата со згура, крај Велес се одвива со бавно темпо и со мали количества и динамика. За ваквата ситуација,  половина година предупредуваат од локална власт во Општина Велес. Концесијата за користење на депонијата ја има српската фирма „Кепс маунт груп“ која има свое седиште во Скопје.

„Отстранувањето на техногената минерална суровина, од локацијата на некогашна Топилница се одвива забавено.  Во 2020-та година извезени се само 370 тони или 14 камиони. За годинава немаме податоци дали и колкаво количество се отстранети“ - кажа Билјана Манаскова Шуркова, раководител на одделението за животна средина во Општина Велес.

„Б“ интегрираната дозвола за отстранување на згура е одобрена во септември 2019-та година.  Депонијата е резултат на три децениската работа на Топилницата кај Велес. Од локалната власт се сомневаат дека во периодот додека е издадена „Б“ дозволата, до септември  2023-та година концесионерот ќе ја отстрани депонијата, која според проценките тежи 1,8 милиони тони. Во неа има присуство   од 6 до 10 % цинк, олово од 2,2 до 3,4%, железен оксид 25%. 

Има и  арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од инвеститорот велат нивното присуство е  скромно оти биле  врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на велешани. 

Од концесионерот „КЕПС МАУНТ ГРУП“, лоцираат три причини, зошто  е  мало количеството на отстранета згура.

„Имавме заразени со корона вирусот поради што немаше можност а нормално функционирање и работење. Проблем беше и обезбедувањето на електрична енергија во количина потребна за експлоатација. Трет проблем беше неможноста за монтирање на магнетен сепаратор  и одбивање на Општина Велес за проширување на „Б“ интегрирана дозвола. Но од 2022 година почнуваме со максимална работа“ - соопштија од „КЕПС МАУНТ ГРУП“ за ТрМр.

На прашањето колкаво количество згура годинава е отстрането, кажаа дека тоа е деловна тајна.  
Дислокацијата ја следеа проблеми во стартот. Една година имаше застој, згурата не се отстрануваше, оти според зборовите на концесионерот, Малезија, каде првобитно имале договор за транспорт, забранила увоз на вакви материјали. Потоа се бараше нов пазар и се најде во Србија и Косово.  

Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија. Од наталожените материјали, при секој ветер се разнесуваат во градот, опасни и штетни честички по здравјето на велешани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »