Петар Печков
Објавено: сабота, 11 април 2026
Се одиграа натпреварите од 20-тото коло на Третата фудбалска лига Југ. Локалното дерби кое се одигра во Чашка, помеѓу ФК Башкими и ФК Борец заврши со минимална победа од 0:1 на лидерот. Така победничката серија од 5 натпревари со 5 победи за домаќинот заврши. ФК Превалец со високи 5:0 славеше над последниот ФК Влазними јуниор од крушевски Пресил. Екипата на ФК Тополка ова коло беше слободна.
ФК Борец останува на првото место со 52 бода а ФК Превалец е втор со 46 и натпревар помалку. ФК Башкими од Горно Јаболчиште останува 6-ти, а ФК Тополка е 11 од 12 екипи со 14 бода. ФК Дреново и ФК Слога од прилепско Лажани се откажаа од натпреварите.
Следното коло ce игра понеделник 13 април. Во 21 колонНово локално дерби ФК Тополка игра со ФК Превалец, ФК Башкими гостува во неготински Долни Дисан кај ФК Венец кој е третопласиран со 40 бода. ФК Борец ова коло е слободен.
Овој празничен викенд паузираат екипите од Општинската фудбалска лига Велес.
фото ФК Превалец
| Tweet |




