Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 февруари 2019
Вработените на ЈКП Дервен ја започнаа оваа седмица со три нови активности кои ќе траат неделава.
Ја расчистуваа, косеа и кроеја вегетацијата по должината на пристапниот пат кај езеро Младост, како и пешачката патека околу езерото.
Согласно Програмата за нови зелени површини за 2019 година, Сектор Паркови започна со подготовката на терен за подигнување на зеленило, започнато е поставување на систем за наводнување на спојот од ул. Благој Ѓорев со ул. Живко Фирфов. Овде е планирано да се подигне дрворед.
Од неделата е во тек вонредното миење на градските улици од прашината наталожена по расфрлањето на ризла во текот на деновите кога имаше снежни врнежи и мраз. Вчера недела се переа улиците. Благој Ѓорев од поранешен Офицерски дом до спој со ул. 8 Септември и ул. 8 Септември до Стар мост. Денеска се вршеше перење на кружен тек на влез од Велес, ул. Димитар Влахов и ул. Петре Прличко. Миењето на улици ќе продолжи и следните денови, по сите улици каде може да пристапи камионот цистерна, се додека има повисоки дневни температури.
Tweet |