Петар Печков
Објавено: недела, 18 јули 2021
Саботата вечер во Бузлаково група од десетина лица физички нападнале двајца жители од Горно Јаболчиште. Во билтенот на МВР не е прецизирано групата коај ги нападнала жителите на Јаболчиште, од каде се, со место на живеење.
„На 17-ти јули околу 21 часот во СВР Велес било пријавено дека во Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од Горно Јаболчиште , при што им одзеле патничко возило „бмв 320“, во кое се превезувале оштетените“- соопштија МВР.
За настанот е известен е Јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |