Петар Печков
Објавено: петок, 20 мај 2011
Десет илјади цвеќиња го разубавуваат Велес, откако започна пролетната акција на ЈКП Дервен за хортикултурно уредување на јавните површини во градот.
На повеќе локаци во центарот на градот и најфрекфентните улицаи Димитар Влахов и Благој Ѓорев, засадени се петунии,темјанушки, лобелија, сурфинија и други видови цвеќиња. Во шаренилото од бројните цветови и зеленилото, градот доби нов пријатен обоен лик на задоволство на велешани.
Во одделни делови заедно со расадот поствен е систем за полевање на цвеќето, како и нови жардињери. Расадот кој се засадува е обезбеден со средства од локалната власт , согласно програмата за зазеленување на јавните површини.
Tweet |