Петар Печков
Објавено: среда, 22 декември 2021
Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано 10 нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се пет, објавија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 163 лица. Од велешка Болница Има починато едно лице, маж на 77 годишна возраст од село Оморани, позитивно на ковид-19 и се лекувало на Инфективно одделение. Тоа е 275 смртен случај во велешко, од последиците на корона вирусот.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 28 пациент, три помалку од вчера. Од нив 17 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден нема а негативни се 11, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Изминатите 24 часа примено e и испишано како оздравено по едно лице, На континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Tweet |