речник контакт

Детето од 12 години, кое саботата на пладне беше пронајдено со повреди, без свест и премрзнато, имало испиено дијазепам

Истрагата на СВР Велес, треба да открие што се случило со детето, како и што е причината за тешката повреда

Петар Печков

Детето од 12 години од Велес  кое саботата на пладне беше најдено без свест, премрзнато и повредно,  имало испиено  лек за смирување, соопштија од Детската клиника во Скопје.

„Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта“ - соопшти  Стојка Фуштиќ директорка на клиниката.

Детето  било пронајдено од случаен минувач,  околу 13 ч, премрзнато,  повредено близу Ловното, од задна страна на Ликовниот салон. Екипа на Итната помош му дала прва здравствена нега, констатирала отворена повреда на брада и го префрлила на хирургија, во велешка болница. Настанот се  случил во саботата на пладне.

„Во болницата е донесено повредено дете, снимките покажале дека има свршеница на долна вилица. Поради спецификата на повредата е пренесено на Детска клиника во Скопје и бидејќи не може да се изврши токсиколошка анализа на крвта во нашата установа“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

Истрагата на СВР Велес, треба да открие што се случило со детето, како и што е причината за  тешката повреда.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »