речник контакт

Дете загина под трактор

Петгодишно дете од велешкото село Сливник вчера попладне починало, откако го прегазил трактор.

Петар Печков

Според велешката полиција несреќата се случила околу 18 часот во близина на селото, кога  детето се качило на трактор, додека неговите роднини работеле на нива,  стотина метри подалеку. 

Без да биде забележан од блиските, детето го активирало  тракторот,  а бидејќи бил на удолница,  тој тргнал а  малиот паднал под возилото, па тој минал преку него со тркалата.

Чичкото веднаш го пренел детето  во Општата Болница во Велес, а дежурниот доктор констатирал смрт, поради повреди на главата. Полицијата и обвинител извршиле увид на местото на настанот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »