речник контакт

Дете од 14 години возело автомобил марка „БМВ“

Сообраќајната полиција инцидентот го регистрирала во Бузалково, а детето било од скопско Морани

Петар Печков

Полицијата при редовна контрола, вчера, среда на пладне, констатирала дека дете на 14 години управува автомобил и тоа „БМВ“. Деталите во информацијата од велешката полиција.

„На 8 јули  во 11:45 часот во село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 14-годишник од село Морани, скопско, затоа што при сообраќајна контрола во с.Бузалково било сопрено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетникот“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »