речник контакт

Детска превентивна служба со развојно советувалиште

Следење на психомоторниот развој, физички, функционален и психички развој на децата родени со ризик. Не треба сино картонче, ниту ,,мој термин,,

Петар Печков

Во Велес  повеќе од две децении постои детска превентивна здравствена заштита со развојно советувалиште, кое работи  при ЈЗУ Здравствен дом Велес. Како организациона единица е формирана во 1993година. Тимот од Развојното советувалиште го сочинуваат: педијатар прим. Д-р Петре Крстев, психолог Лидија Ѓуровска, дефектолог  Мери Јаневска, при што секој од свој аспект, го следи   психомоторниот развој, физички, функционален и психички развој на децата родени со ризик.

Такви се во просек се околу 10% од вкупно родените деца а во службата  се следат и деца со пречки во развојот. Дел од тимот е и медицинска сестра која ги врши антропометриските мерења и ја води медицинската документација.

Основна цел на нашата служба е мерки за заштита во време кога децата се уште не дошле во контакт со причинителите на болест, а се со цел да се спречи настанувањето на  заразните болестите. Во Развојното советувалиште работиме на раното откривање, евидентирање и дијагностицирање на попреченоста, започнување на рани стимулативни интервенции кај децата, нивно систематско следење, правовремено вклучување во соодветни институции за третман, со единствена цел превенција или ублажување на развојните отстапувања - вели д-р Крстев. 

Во рамките на превентивниот карактер на своето работење во Детската  превентивна здравствена заштита со развојно советувалиште-Велес се врши задолжителната имунизација на деца до 6 годишна возраст и се следи растот и развојот преку систематските прегледи кои се извршуваат на 3, 6 и 9 месеци, потоа на 2 и 4 години Составен дел од Детската превентивна здравствена заштита е и поливалентната патронажна служба. Во рамките на оваа служба работи и психолог. 

Поголем дел од граѓаните знаат, но има такви кои се уште не знаат за оваа наша работа.  Кај младите брачни парови има интерес. Покрај тоа  што  работиме со деца со пречки во развојот, има  такви  случаи кога родителите инсистираат да дојдат кај нас . Едноставно да го проценат психо- моторниот развој на нивното дете.   Обично родители ја прикриваат состојбата на децата, дека тоа е  ублажена форма, дека дома  го прави а тука  на доктор не.  Но кога детето ќе порасне, овие проблеми ќе се актуализираат, тогаш доаѓаат за помош, но веќе е задоцнете.  Најдобро е да дојдат уште од првиот месец, потоа  ги викаме на 3,6, 9 месеци. Но ако процениме ги повикуваме и на една или две седмици, се разбира доколку родителите сакаат да соработуваат - вели  Лидија Ѓуровска психолог  во детска превентивна служба со развојно советувалиште. 

Додава дека висока свест и редовност покажуваат родителите од руралните средини а посебно за пофалба се родителите од Бузалково, Јаболчиште.  Интерес за користење на услугите на стручните лица од развојното советувалиште имало.  

  Уште од самото раѓање на децата во Болницата, доколку постои ризик, дали при породувањето, или се роди со  одреден ризик автоматски стигнува список сот акви ризично родени деца. Уште во Болница им се кажува  дека требна да го посетат ова развојно советувалиште.  Прегледате кај нас  се во еден ден. Преку различни тестови се согледува развојот на детето, до каде е тоа стигнато - рече Мери Јаневска дефектолог во  развојно советувалиште.   Работно време е  од 7 до 15ч.  секој работен ден.  Родителите можат да дојдат  самоиницијативно, нема потреба од сини картони. Никој досега не е вратен.  Нема   потреба  ниту од закажување од  ,,мој термин,,. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »