речник контакт

Детското одделение при Општата Болница Велес е подновено

Детското одделение при Општата Болница Велес е подновено со пижами и постелнина, како и нова игротека, донација од проектот „Насмевка во пижами“.

Петар Печков

Детското одделение при Општата Болница Велес е подновено со пижами и постелнина, како и нова игротека, донација од проектот „Насмевка во пижами“. Во изминатите шест месеци се реализира повеќе активности од кои беа собрани 360 илјади денари. Со тие средства се обнови одделението, во кое од далечната 1977 година не е инвестирано.

- Ова не е завршеток на проектот, напротив се додека има потреба невладините организации се тука за да помогнат каде што треба, најмногу за децата – изјави Александар Кукулев координатор на проектот организиран од Фондацијата „Фокус“. Со него освен облека и постелнина за децата беа обезбедени сликовници, прибор за јадење, лектири, играчки а според потребите на одделението наскоро ќе стигнат и неколку специјалистички апарати. Началникот на одделението педијатар д-р Зорица Тодоровска се заблагодари на сите кои помогнаа во опремувањето.

- Добро е што граѓаните и поединците ја забележале потребата на ова одделение од дополнително доопремување. Ова за дечињата пациенти ќе значи олеснување на нивната болка, можност преку игра да заборават зошто се тука – изјави д-р Тодоровска.

Во текот на проектот поголемиот дел од средствата се собраа од хумантарен ракометен натпревар, тивка аукција, питијадата и донаторски касички поставени во трговската мрежа во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »