речник контакт

Деца краделе споменици на борци од НОБ

Тројца малолетници и сопственик на откупен пункт за старо железо од Велес добиле кривични пријави поради грабеж и откуп на бисти и спомен-плочи на борци од НОБ. Бистите биле препродавани во Бугарија.

Петар Печков

Тројца малолетници и сопственик на откупен пункт за старо железо од Велес добиле кривични пријави поради грабеж и откуп на бисти и спомен-плочи на борци од НОБ. Бистите биле препродавани во Бугарија. Според полицијата, З.Ѓ. (16), У.С. (16) и тринаесетгодишниот Д.А. се осомничени за тешка кражба бидејќи двапати украле споменици на револуционери од НОБ. Во првиот обид тројцата крадци на 18 септември минатата година од Спомен-костурницата откорнале пет метални плочи, на кои биле запишани имињата на борци од Велешко паднати во НОБ. Украдените предмети ги продале како старо железо за 10.000 денари. Во вториот случај децата на 13 април годинава од дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“, од спомен-паркот ги украле бистите на Јован Стерија Поповиќ и на Мите Богоевски. Тие побегнале со таки, а следниот ден ги продале во откупниот центар „Санто“, за 5.000 денари. Сопственикот на откупниот центар Панче Ј. (32) ги продал предметите во Бугарија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »