Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 февруари 2018
Два дена по реката Вардар низ Велес, течеа пластични пет шишиња, големи количества на смет. Тоа предизвика жестоки реакции по социјалните мрежи. Ова дојде по обилните врнежи и високото ниво на реката, изминатиот викенд.
Но тоа не беше случај само со реката Вардар во Велес, туку го имаше и на други теченија низ земјава. По ова со соопштение се јавија надлежните од Државниот инспекторат за животна средина. Тие посочуваат дека причината се дивите сметилишта.
Надлежноста за постапување во вакви случаи е кај овластените комунални инспектори и комунални редари од општините, односно униформирани полициски службеници. Тука се работи за комунална дејност, бидејќи се работи за диви сметлишта (dumpsites, израз диви депонии не постои, кога се говори за депонии секогаш се мисли на оние 53 комунално-санитарни без стандарди депонии со кои оперираат ЈКП-), кои граѓаните ги генерираат на јавни површини по селата и градовите и кога ќе надојдат водотеците доаѓа до слики какви што гледаме по интернет, за жал - стои во писменото соопштение на Државниот инспекторат.
Tweet |