речник контакт

Дивоградби се градат и околу планинарскиот дом „Бреза“

Иако домот е на катастарска општина Велeс, некои од градбите се со дозвола од Општина Зелениково

Петар Печков

Како по течението на долниот тек на река Бабуна, така и околината на планинарскиот дом „Бреза“ започнаа да ја освојуваат дивоградби. Малкумина лица кои биле таму, ги споделуваат информациите, дека околу руинираниот објект на домот, започнало да се градат викендички.  Кога нема стопан, сите се сајбии, коментираат велешани.

Има изградени четири мали куќи од цврста градба и поставено неколку контејнери за живеење.  Домот е на 20 км од Велес со прекрасен поглед кон Скопје, Овче Поле, создадено да се излезе од градската врева и загадениот град - вели велешанец рекреативец, кој го посува овој предел.   

Дивоградбите се околу планинарскиот дом, кој по војната од 2001-та е напуштен а подоцна и руиниран. Глетката која се пружа од местото, не остава никого рамнодушен.  Локацијата е на 1,2 илјади метри надморска височина, во борова шума и папрат. 

За проблемот со дивоградбите, локалната власт повеќе пати беше предупредена. На последната прес конференција градоначалникот Коцевски даде информација за состојбата таму. Иако ПД „Бреза“ и околина се на катастарска општина Велес, таму се граделе објекти со дозвола на друга,  соседна  општина.  

Преку катастар добив информација дека  повеќето нелегално изградени објекти се наоѓаат на територија на Општина Зелениково. За два објекти тие дале дозвола за легализација.   Го чекаме новиот закон за легализација по што ќе ги знаеме наредните чекори кои ќе ги преземеме. Имавме планови таму да се гради викенд населба, но нема вода за пиење и е неизводливо,па се откажавме - кажа Коцевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »