Петар Печков
Објавено: вторник, 27 март 2012
На денешната седница на Советот на општина Велес беше избран командирот на Полициска станица Велес. Од тројцата предложени кандидати советниците се одлучија за Димитар Ѓуров ( 30 год).
Тој има завршено воена академија и 5 години 4 месеци стаж, но бидејќи има бенефициран работен стаж има повеќ од шест години, со што го исполнува и тој услов. Нему доверба му даде владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, додека опозицијата со 8 гласа беше воздржана. Претходно таа објаснуваше зошто така ќе гласа, но овој пат не се изјасни.
Именувањето на Ѓуров треба да помине и од стана на министерката Гордана Јанкуловска која треба да ја потврди оваа одлука на велешкиот Совет. Освен Ѓуров меѓу кандидатите беа и Орце Коцевски и Игор Трајковски.
Оваа точка од дневниот ред на Советот ја следеше и претставникот на ОБСЕ во Велес.
Tweet |