речник контакт

Директен судар, двајца повредени, италијанец и велешанец

Сообраќајката се случила во Речани. Почина тешко повредениот кој скокна од возот

Петар Печков

Во четвртокот ноќта околу 22,30 часот  се случи сообраќајна незгода во која директно се удриле два автомобили.  Сообраќајката се случила на патот кон езеро Младост а во ена учествувале џип   шевролет со бугарски регистарски таблички, управувано од италијанец Џ.З. ( 49 год) и  автомобил голф управувано од    велешанецот Д.К. (23 год).

Двајцата возачи  се повредени и веднаш пренесени со Брзата помош во велешката болница. Иако автомобилите биле сериозно оштетени, двете лица минале со лесни повреди и утрово се пуштени дома. 

 Вчера попладне пак на Клиниките во Скопје почина  Мамет Асанов ( 43) лицето кое во вторникот утрото скокна од возот, оти ја згрешил композицијата со која требало да патува. Наместо за Гевгелија, тој тргнал за Скопје и по стотина метри решил да скокне од возот. При падот се здобил со тешки повреди на главата, повреди од кои подоцна не преживеа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »