речник контакт

Дневниот центар за зависници проблем и за вработените и за пациентите од Нервното одделение

Пациентите од Дневниот центар за зависници создава проблеми и на вработените и на болните од Нервното одделение на велешката Болница каде тој е лоциран

Петар Печков

 Пациентите од Дневниот центар за зависници создава проблеми и на вработените и на болните од Нервното одделение на велешката Болница каде  тој е лоциран. Зависниците кои преку работната недела примаат метадонска терапија, честопати знаат да се нафрлат врз персоналот а неретко и врз останатите пациенти кои се лекуваат на одделението. 

На дел од нив пак паркот пред Дневниот центар им служи за фрлање на инјекции и шприцови, од  нарко сеансите. Директорот на Болницата апелира до локалните власти да помогнат во решавање на оваа лоша состојба, поради која е ангажирано засилено дополнително обезбедување. 

Местото на овој центар не му е во Болницата. Очекувам заедно со општината да го решиме проблемот во интерес на сите граѓани. Секојдневни се маките  со зависниците кои се мошне агресивни. Од  нивниот однос  загрозени се и пациентите што доаѓаат да се лекуваат на одделението, загрозени се и докторите и сестрите, а се уништува и инвентарот. Исто така проблем има и основното училиште Блаже Конески кое  се наоѓа во непосредна близина на центарот -  вели д-р. Атанас Василев, директор на ЈЗУ Општа Болница. 

По повеќегодишни натегања, Дневниот центар се лоцираше во склоп на нервното одделение на велешката Болница, но очигледно не функционира беспрекорно. Претходно неколку години мнозинството советници не сакаа општинските простории, кои се надвор од градот,  да му ги доделат на овој центар, туку ги дадоа на МВР и Министерството за правда, па таму сега се издаваат лични карти, пасоши и возачки дозволи.

Да не се враќаме наназад во минатото. Сега овој центар функционира на задоволство на сите на тие што им е потребен. Ние учествувавме во неговото уредување а ако се јави потреба, согласно нашите можности ќе  помогнеме повторно – вели градоначалникот Горан Петров. 

Но зависниците освен агресивност покажуваат и уште една лоша грда навика. Иако додека се на метадонска терапија не смеат да користат  други средства, тие штом ќе излезат од вратата  употребуваат шприцови, кои потоа со иглите ги фрлаат во дворот. Дел од нив  сами се организираат и го чистат нередот, што нивните познаници го оставаат. 

Во Дневниот центар за зависници услугите ги користат 60-тина пациенти повеќето нив  се корисници на хероин, помалку кокаинот и екстази таблети. Корисници се мажи на 30-тина години, девојките на возраст до 25 години Тие пред неговото отворање  лани мораа да патуваат за Кавадарци, Скопје или Штип. Официјалната бројка е дека во Велес  има 350 зависници, додека познавачите на состојбите тврдат дека таа е три пати поголема и се движи околу илјада.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »