Петар Печков
Објавено: недела, 19 мај 2024
Саботата околу пладне во велешката полиција бил регистриран инцидент, кога собирач на перчурки пријавил дека е застрелан во нога. Полицијата и обвинителството ќе истражуват како дошло од овој настан, кога заскитан куршум повредил лице.
„На 18 мај во 11.00 часот во СВР Велес, Д.Ј.(63 год) од Велес пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“ – соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Околу 11 часот во Ургентниот центар примен е пациент кој се жалел на убод во ногата. По извршените радиодијагостички прегледи, констатирано е дека има застрелна рана и куршум во натколеница. Извршен е оперативен зафат, проектилот отстранет а лицето е згрижено и се наоѓа на хирушкото одделение“ – соопшти Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Tweet |