Петар Печков
Објавено: вторник, 05 декември 2017
Вардарски плански регион, денес одржа седница во Велес, на кој се договарале проектите кои ќе бидат работени во следната година а се финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа – преку Бирото за регионален развој.
Од општина Велес прифатени биле два проекти: Подготовка на техничка документација за до изградба на Индустриска зона"Мамутчево", завршување на работи за реконструкција на објектот на средното економско училиште "Јовче Тесличков".
Во Општина Кавадарци прифатен е Проект за реконструкција на дел од Северен булевар од раскрсница со Западен булевар до раскрсница со булевар Никола Минче. Втор проект е проектна документација за Регулација и уредување на речно корито на река Луда Мара со спортско рекреативни содржини.
Во Општина Росоман е проектот за Подобрување на комуналната инфраструктура преку финализирањена каналот за отпадни води.
Во Општина Градско се Изработкана техничка документација за изградба на улица во село Подлес, изградба на откупен центар, како и изработкана техничка документација за изградбана ул. Старо Градско, изработка на техничка документација за ул. Јане Сандански која ја поврзува населба Стопанство со Градско, изградба на пристапен пат од Градско до село Уланци.
Во Општина Свети Николе прифатени се следните проекти: Реконструкција на локален пат од с. Ерџелија до клучка Пеширово .
Во Општина Демир Капија прифатен е проектот изградба на клучка Демир Капија и Демир Капија· Анекс.
Во Општина Неготино е уредување на Спомен Костурница додека во Општина Чашка е подобрување на условите за живеење и заштита на животната средина.
Tweet |