речник контакт

Доживотен затвор за тројното убиство во „Три Бисери“, каде беа застрелани и двајца велешани

За убиството на Јордан Јроданов викан `Ркулот ( 37 год), Влатко Андреевски ( 26 год) и Владо Милошев полициски инспектор, убиецот Тони Денковски доби доживотен затвор

Петар Печков

Судскиот совет на Кривичен суд во Скопје  го осуди на доживотна затворска казна Скопјанецот Тони Денковски, за минатогодишното тројно убиство, кое го изврши во рибниот ресторан „Биг Фиш“, во населбата Аеродром.

Денковски во септември минатата година со автоматска пушка ги уби Јордан Јорданов - Ркулот, кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и полицаецот Владо Милошев, вработен во Шестата управа во МВР.

По убиството Денковски побегна, но подоцна самиот и се предаде на полицијата. За време на истрагата тој се бранеше со молчење, а додека траеше судскиот процес, тврдеше дека ги убил тројцата оти постојано му вршеле притисок и му се заканувале, како нему, така и на неговите деца, бидејќи им должел пари.

Ова убиство и покрај судската разрешница останува со многу непознати. Кон кого и зошто пукал Денковски, како се случило девојакта која била со тројцата убиени да остане жива, што таа слушнала и видела? Од каде му се парите на убиецот  Денковски, да има таков имот и куќа кога е невработен? Што барал на иста маса инспекторот Милошев заедно со двајцата велешани за кој е познато дека се дел до т.н.Франкфурт мафија? 

Доколку ова пресуда остане правосилна, Денковски ќе има право да бара помилување по одлежани 20 години затвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »